Нападнат судија на натпревар во Охрид

од Nikola Popovski

Судија бил нападнат на натпревар од пониските македонски фудбалски лиги, стои во полицискиот билтен.

Според МВР, на 30.03.2024 година во 21.30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека, на фудбалски терен каде се одигрувал фудбалски натпревар во рамките на општинска фудбалска лига Охрид, едно лице, физички го нападнал главниот судија.

-По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена пријава според Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар.

Слични содржини