Натепан синот на Пеце Суперхикс: „Малолетнички банди подолго време оперираат низ Центар“

од Nikola Popovski

Пејачот и фронтмен на групата „Суперхикс“, Петар Младеновски денеска информира за немил настан кој се случил пред два дена. Според сведоштвото, неговиот син бил нападнат од неколку момчиња во населбата Капиштец.

Тој нагласува дека станува збор за малолетници кои им биле познати на полицијата, но и покрај бројните поплаки против нив, според неговите пишувања не може да се преземат мерки со кои тие ќе престанат со нивните „деликвентни постапки“.

-Имено, истите се дел од некаков, ајде да го наречам “дом-куќа-семејство“ и живеат 6-мина во објектот (од вработените дознавам дека се сите проблематични и дела се вршат катадневно на територијата на Општина Центар и пошироко) и се по мој впечаток буквално ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ и се движат каде сакаат и прават што сакаат. Исто така дознавам дека имаат и официјално назначени старатели ама истите се во Штип, Битола итн итн..и не знам на кој начин и по што се овие лица старатели на овие деца. Едноставно ништо не разбирам и ова е несфатливо.

Мојот син има последици од настанот и трауми кои ќе ги влече подолго време. Но ние ќе продолжиме со пријава на делото во полиција и со прибирање на сите извештаи од лекари, психијатри итн (иако е веќе дадена и изјавата ама реакција нема никаква за жал, барем за сега..) и со преземање на сите можни дејствија за расчистување на случајот и некаква реакција овие малолетнички банди кои очигледно оперираат подолго време низ Центар да се стават под некаква контрола бидејќи ова ќе им се случува и на останатите од соседтсвото и нема тука да запре. Едноствано овие деца ама НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА. Не знам каков живот ги чека искрено, ама ова не е во ред и е тажно и за нив.

Исконтактирана е директорката на Домот, добив повик и од кабинетот на министерката Јована Тренчевска која верувам и лично ќе се заинтересира за случајов и оваа не баш пријатна состојба и самата ќе се запознае со случајот и реагира. Би сакал со случајот да бидат запознаени (бидејќи ова веќе станува опасно, Капиштец станува Бронкс а важеше за една од најмирните населби некогаш) Општина Центар и Горан Герасимовски, стои меѓу другото во Фејсбук статусот на Младеновски.

Слични содржини