Научниците предупредуваат: Топлотните бранови ја загрозуваат безбедноста на храната на светскиот пазар

од Vladimir Zorba

Повторените топлотни бранови ја загрозуваат способноста на природата да обезбеди храна за луѓето, велат истражувачите и предупредуваат на „тивка смрт“ во океаните во услови на рекордни температури што ја горат Земјата.

Според весникот, топлотните бранови кои се шират низ Европа, САД и Кина ги загрозуваат човечките животи, како и копното и морето од кои зависат.

– Нашиот систем за храна е глобален. Постојат зголемени ризици од истовремени големи загуби на култури во различни региони во светот, што навистина ќе влијае на достапноста на храната и нејзината цена. Во следните децении, тоа е една од работите од кои навистина се плашам“, вели Џон Маршам, професор на Универзитетот во Лидс.

Топлотниот бран што ја погоди Европа во 2018 година доведе до повеќекратни неуспеси на земјоделските култури и загуби до 50 проценти во централна и северна Европа, пишува „Гардијан“.

Топлотните бранови се очекува да станат 12 пати почести до 2040 година во споредба со нивоата пред затоплување. Иако еден топлотен бран можеби нема да убие екосистем, подолгите и почести настани ќе значат дека природата нема време да се опорави.

– Луѓето генерално се изолирани од влијанието на времето од кое сите зависиме. Одиме во продавниците за да купиме храна – не ја одгледуваме самите, но ако разговарате со земјоделците каде било во светот, тие се исклучително свесни за тоа што прави времето и неговото влијание врз земјоделството“, рече професорот Маршам.

Професорката од Универзитетот во Бристол, Даниела Шмит, рече дека „често размислуваме за влијанијата врз екосистемите на копното“.

– Лесно се гледа – растенијата венеат, а животните премногу се вжештуваат. Сепак, луѓето генерално не размислуваат за морските топлотни бранови. Тоа е она што навистина ме загрижува – тоа невидливо, тивко умирање – изјавила таа.

Некои од најранливите екосистеми се оние кои се навикнати да имаат стабилни температури во текот на годината, како што се видовите во тропските океани. Затоплувањето од два степени Целзиусови се очекува суштински да ги избрише тропските корални гребени.

Слични содржини