Негативец на филм, херој во реалноста: Дени Трехо спаси дете од превртен автомобил

од desk2

Еден од најпознатите холивудски негативци, Дени Трехо, спаси мало дете заробено во превртен автомобил во Лос Анџелес.

Трехо, познат по улогата на антихеројот Мачета, беше сведок на судир на две возила, од кои едното се преврти. Актерот веднаш сакал да помогне, обидувајќи се да се провлече низ скршениот прозорец на автомобилот, но не можел поради заглавен појас. Со помош на случаен минувач успеал да го ослободи детето и да го извлече од автомобилот.

„Единствена работа која го спаси ова мало дете е неговото седиште за автомобил“, изјави славниот актер.

Во судирот се повредени тројца луѓе, но никој не е во животна опасност.

„Сè добро што ми се случило во животот е резултат од тоа што сум му помогнал на некој друг“, истакна Трехо за медиумите.

Слични содржини