Нема да се одржи протестот против полициски час

од Берта Китинска

Откажан е протестот против полицискиот час, кој пред неколку дена беше најавен на социјалните.

Протестот е откажан од неколку причини и тоа поради недоволната заинтересираност, здравствените препораки, најавите дека ќе има ист таков протест на 16 мај, но и да се избегнат масовни собирања на граѓаните.

Протестот беше закажан под мотот „Сите ние кои сметаме дека ова треба да заврши, сите кои сме свесни“, а требаше да се одржи во недела од 12 до 14 часот пред Владата.

На само два дена пред одржувањето на овој протест на Фејсбук на протест повика и Драган Угриновски, претседател на движењето „Тврдокорни“, кој требаше да се одржи во сабота во 13 часот исто така пред Владата против полицискиот час, 5G антените и задолжителното вакцинирање. Но, и тој на својот фејсбук профил, објави дека протестот е откажан, како што вели, поради забараната за одржување протест со прогласувањето на трета по ред вонредна состојба.

Слични содржини