Невреме во Словенија: Падна град со големина на јајце

од Stefanija Kuzmanovska

Силно невреме придружено со обилни врнежи го зафати денеска западниот дел на Словенија и доведе до прекин на електричната енергија и поплави во некои делови од земјата. Град со големина на јајце падна во Ајдовшчина и Штењело, јавува „24.хр“.

Пожарникарите интервенирале поради поплави на подрачјето на Томлин, Нова Горица, Сежана, Загорје об Сава, Лашко, Велење, Целје, Словенска Бистрица и Кунгота, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Силен дожд го погоди Копер, каде што беше поплавена улицата Прешернов, јави РТВ Словенија. Во Шмарје кај Копар ветерот однесе дел од покривот на училишната зграда, додава СТА.

Словенечката агенција за животна средина, поради очекуваните врнежи, издаде највисоко црвено предупредување за поголем дел од земјата.

Слични содржини