Нежноста не е силна страна на овие два хороскопски знака

од desk4

Постојат луѓе кои тешко покажуваат емоции и нежности. Дали се работи за преголема суета, ароганција или за нешто сосема трето, одговорот го има хороскопот.

Претставниците на следниве два хороскопски знака можат да поднесат многу тешкотии, да излезат победници и од најмачни борби, но од нив не барајте само едно – јасно и гласно да ги искажат емоциите.

Претпоставувате за кого се работи? Да, се работи за Лавот и Јарецот.

Лав

Во искажувањето на емоциите и нежностите го спречува суетата. Тие се способни да гледаат како светот пропаѓа и притоа да останат приземни и стабилни, без на каков и да е начин да покажат како се чувствуваат околу тоа. Особено им е тешко ако треба да се извинат за нешто, бидејќи тоа го гледаат како „подвиткување опашка“ и предавање.

Јарец

Јарците се родени за да бидат лидери и шефови и секогаш им пречи кога некој е над нив. Она што ги прави поразлични од Лавовите е што кога-тогаш покажуваат по некоја емоција, особено кога се сигурни дека некого сакаат. Зошто не ги покажуваат често? Од страв да не бидат повредени и апсолутно ништо друго.

Слични содржини