Од Пробиштип е лицето кое вчера го загуби животот во сообраќајката на патот „Штип-Кочани“

од Stefanija Kuzmanovska

Триесет и седум годишниот С.Т. од Пробиштип е лицето кое вчера го загуби животот во сообраќајната несреќа која се случи на патот Штип-Кочани.

На клучка Штип од магистрален пат „Три Чешми–Кочани“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М.М.(37) од Пробиштип и автобус со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.Ќ.(42) од Пехчево.

од здобиените повреди починал сопатникот во патничкото возило, С.Т.(37) од Пробиштип, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Слични содржини