Од утре до 11 јуни ќе се спроведе екстереното тестирање

од Vladimir Zorba

Од утре до 11 јуни ќе се спроведе екстерно тестирање за учебната 2015/2016 година во јунската сесија.

eksterno1-860x588

Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и од средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1.972 предмети.

ДИЦ претходно ја објави базата прашања по сите предмети. Учениците се тестираат по два предмета, а за кои предмети ќе бидат тестирани дознаваат три дена пред полагањето. Така, на учениците што ќе бидат тестирани утре, предметот за кој ќе бидат тестирани им беше соопштен во петокот попладне.

Поради уписите во средните училишта (28 и 29 јуни), резултатите од екстерното тестирање најпрво ќе бидат објавени за деветтодделенците (на 13 јуни), а за сите други ученици резултатите ќе бидат познати на 17 јуни.

Екстерното тестирање беше воведено во учебната 2012/2013 година за да се провери објективноста на наставниците при вреднувањето на успехот на учениците./Мета

Слични содржини