Охриѓанка уплатила 5.000 евра за работа во странство, по што останала и без пари и без работа

од Nikola Popovski

Жена од Охрид пријавила во полиција дека едно лице ја измамило за сума од 5.000 евра, информираат од Охридската полиција.

Според пријавеното, жената во септември 2023 година на веб страна забележала објава во која се нуди работа во странска земја и стапила во контакт со лицето, кое и ветило работа во хотел и притоа ѝ ги побарало парите за уплата за работна дозвола, годишно осигурување, дополнително осигурување за подолг период, депозит за стан и сл.

Таа ги уплатила парите, по што стапила во контакт со хотелот каде ја чекал вистински шок. Од таму била известена дека нивната интернет страна била хакирана, по што сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини