Османи потврди дека е протеран уште еден руски дипломат

од Берта Китинска

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција ја потврди информацијата дека е прогласен за персона нон грата руски дипломат од Амбасадата на Руската федерација во земјава.

-Бидејќи информациите од тој тип се обично од доверлив карактер не можам да влезам во детали, но МНР секогаш кога ќе добие документација за однесување на акредитирани дипломати кое е спротивно на  принципите на Виенската конвенција превзема мерки за заштита на својата национална безбедност и безбедноста на сојузниците во кој припаѓаме, кажа Османи.

Слични содржини