Сеуште не е јасно каде ќе се насочи природната стихија
Во моментот ураганот “Метју” се наоѓа на околу 40 километри од Порт Канаверал во американската држава Флорида, како силата на ветрот е 100м / сек, пренесува BBC. Сеуште не е јасно во која насока ќе се насочи стихијата. Експертот за природни катастрофи д-р Стивен Годби изјави дека ако ураганот продолжи да минува само со периферијата крај брегот, тогаш жителите на Флорида нема да ги почувствуваат најсилните ветрови кои се во централниот дел на стихијата. Но дури и ако тоа е случај, “северните делови од крајбрежните на Флорида и Џорџија можат да очекуваат неколку часа на силни ветрови, кои ќе бидат доволни да предизвикаат структурни оштетувања и да влијаат на снабдувањето на електрична енергија” .
Во меѓувреме, крајбрежните области на Џорџија продолжуваат да ги евакуираат своите државјани. Освен тоа се обезбедени автобуси за оние кои немаат сопствени возила и главната магистрала кон градот Савана е направена еднонасочна.
Гувернерот на Флорида им препорачаа на лицата кои не успеале да се евакуираат да не ги напуштаат своите домови се до сабота наутро. Засолништата ширум државата се отворени за граѓаните и за бездомниците кои бараат заштита од бурата. Повеќето аеродроми во регионот се затворени, а откажани се најмалку 3000 летови.