Пијан возач „дувнал“ 2,38 промили во полицискиот дрегер (ФОТО)

од Nikola Popovski

Во текот на изминатата вечер (10/11.03.2023)во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 14 возачи.Од нив 6 на територија на Битола, 7во Прилеп и 1 Ресен. Од таму информираат дека за време на контролата биле санкционирани и 21 други видови прекршоци.

Еден од санкционираните возачи бил фатен со високи 2,38 промили алкохол во крвта.


-Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, соопштија од МВР.

Слични содржини