Почина Волфганг Шојбле, кумот на еврото: По што ќе остане запаметен безмилосниот германски политичар?

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот политичар Волфганг Шојбле, кој беше пратеник во Бундестагот повеќе од половина век, почина на 81-годишна возраст. Шојбле е познат и како остар економист и кум на еврото.

Многумина го сметаа за најмоќна фигура во Германија, по Ангела Меркел.

Во Европа, тој се сметаше за штедлив комесар без милост. За време на мандатот на Ангела Меркел, Шојбле беше министер за финансии од 2009 до 2017 година.

Тој ќе остане запаметен од светот по цврстиот став што го зазеде кон јужноевропските земји за време на кризата во еврозоната и по отфрлањето на повиците на Меѓународниот монетарен фонд да ѝ се даде на Грција повеќе време да го заузда својот дефицит. Познати се и неговите дуели со Јанис Варуфакис.

Застапник за политиките за штедење, буџетот на Шојбле за 2014 година ја направи Германија без долгови за првпат од 1969 година.

Кога ја напушти функцијата министер за финансии, тоа значеше и голема промена во Германија и Европа. Тој беше сфатен во Европа како симбол на недостигот на флексибилност на Берлин во однос на јавните финансии.

Почит и остар јазик

Волфганг Шојбле велеше дека многу луѓе не го разбираат неговиот ироничен хумор. Тој знаеше да биде многу груб и непријатен. Беше штедлив во пријателствата. И по години и години заедничка работа, тој секогаш ѝ персираше канцеларката, како и со претседателот на сестринската баварска Христијанско-социјална унија (ЦСУ), Хорст Зехофер. Шојбле беше лојален, но не беше тип за партнер.

„Во мојот долг живот научив дека личните односи и меѓусебното почитување се нешто поразлично од политичкото ривалство. Тоа е како двајца фудбалери: кога играат еден против друг, се посветуваат на играта, но сепак можат да бидат пријатели. Но, барем не би требало да бидат непријатели. Ги почитувам другите“, велеше тој.

Кога во 2010 година јавно го критикуваше својот портпарол, изгуби многу симпатизери.

Инаку, имало и обид за атентат врз него – после тоа тешко се разболел. Неколку пати мораше да оди во болница, делуваше раздразливо и исцрпено. Од таква тешка ситуација, Шојбле повторно се издигна. Здравјето му беше добро подолго време потоа.

„Европа е најдоброто нешто што им се случи на Германците“
Тој израснал во повоениот период во германско-француската погранична област и со децении се залага за продлабочување на европската интеграција. Неговата цел беше европска федерална држава.

„Мораме чекор по чекор да ги зајакнеме нашите заеднички институции. Ова е наш заеднички интерес, но тоа е можно само до степен до кој можеме да го убедиме населението, каде што има голем отпор“, изјавил Шојбле своевремено за „Дојче веле“.

Кризата, каква што беше должничката криза во Европа, ги влошува работите:

„Ако паднеме, ќе изгубиме многу. Тоа значи дека европското обединување е најдоброто што го постигнале Германците по Втората светска војна“, истакнал Шојбле.

Како застапник на строгите политики на штедење во земјите погодени од кризата, германскиот министер за финансии стана длабоко омразен во јужна Европа во последните години. Грците, на пример, го прогласија за виновник за економската криза што ја погоди нивната земја, според Јорго Хацимаркакис, член на Парламентот на ЕУ.

Слични содржини