Поразителни бројки: Во Газа убиени повеќе од 27.500 лица – главно жени и деца

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за здравство во Појасот Газа, со кое управува Хамас, денеска соопшти дека од почетокот на војната меѓу Израел и исламистичката организација на палестинска територија се убиени 27.585 лица, главно жени, деца и млади луѓе.

Во последните 24 часа загинаа 107 лица, објави „Франс прес“.

Во нападите на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври на југот на Израел беа убиени околу 1.200 луѓе, главно цивили, а околу 250 заложници беа киднапирани и однесени во Газа.

Слични содржини