После 60 години: Мечките во Зоо Скопје ќе добијат ново живеалиште

од Берта Китинска

Мечките во Зоо Скопје ќе добијат ново живеалиште после 60 години, соопштија од Скопската зоолошка градина.

„Живеалиштата на мечките се во централниот дел од зоолошката и се многу стари. Сакаме да им направиме нов простор по сите стандарди, каде што мечките ќе живеат во што поприродна и поголема животна средина. Веќе две ипол години баравме соодветно решение за поголема благосостојба на овие животни и конечно е направен проект чија изградба ќе чини околу 50 000 евра, а финансиите ќе бидат обезбедени од нашите спонзори”, соопштија од  „ЗОО“.

Слични содржини