Потера! Полиција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ !

од desk4

РАспишана е потерница по осуденикот Никола Груевски. Тој не се јавува во затворот.Откако не го пронајде дома, полиција  е пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Алфите  го претресуваа секое возило кое излегуваше од подземната гаража на партијата. Се контролираше и влез и излез.

За ВМРО ДПМНЕ тоа б е опсадна состојба. Внатре во партијата полицијата не влезе. Веројатно се чекаше на налог, кој во текот на ноќта не пристигна.

МИА  галерија колку за ноќешната сотојба пред и околу ВМРО ДПМНЕ

 

 

ПОЛИЦИЈАТА ВО ПОТРАГА ПО ГРУЕВСКИ, РЕДОСЛЕД НА НАСТАНИ И ИЗЈАВИ

Македонската полиција распиша потерница и е во потрага по бегалецот Никола Груевски, актуелен пратеник и поранешен премиер поради судски налог за негово спроведување во затвор каде треба да одлежи две години. Груевски е осуден во предметот Тенк за набавка на Мерцедес вреден 600.000 евра.

12 Ноември

21.45
Полицијата е околу централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во потрага по Никола Груевски. Полицијата се уште нема влезено во штабот.

21:00
Адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски кој се бара со потерница, Димитар Дангов изјави дека нема сознание каде се наоѓа неговиот клиент. Во писмена изјава за ТВ 21 наведува дека Груевски нема право на жалба до Врховен суд за одлуката од Кривичен. Сепак, додава дека ќе се искористат сите останати правни можности.

21:00
Очекувам дека нема да си дозволи да се трага по него, изјави премиерот Зоран Заев на вечерашното гостување на МРТВ. Премиеорт потврди дека потерницата од МВР за потрага е само поради тоа што судските доставувачи не можеле да ја достават поканата за издржување на затворската казна на осуденикот Никола Груевски.

20:50
Два неуспешни обида за пронаоѓање на Груевски во неговиот дом на адреса запишана во неговата лична карта. Во домот според полициски извори, нема никој. Полициски тим првпат го побара Груевски во неговиот стан околу 18:30 часот.

20:15
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини за медиумски линч врз Груевски

17:00
Објавени инсерти од акцијата на полицијата при обидот да го пронајде Груевски во неговиот стан.

18:00
Медиуми во Скопје шпекулираат каде е Груевски. Дел од нив објавуваат дека можно е да се крие во седиштето на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, во некој од становите што се негови, но не на негово име и дека е избеган во странство.

16:30
Кривичниот суд во Скопје попладнево достави до СВР Скопје барање за издавање потерница против Никола Груевски.
– Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата, соопштија од Кривичниот суд.

16:00
Груевски, го обезбедуваат шестмина припадници на Шестата управа, но засега не знае каде е и се уште не е му е врачена одлуката на Советот на Кривичниот суд за одбивање на неговата жалба на отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. како што појаснија правни експерти за МИА, шестмината полициски службеници не се 24-часовно ангажирани за неговото обезбедување, односни работните задачи ги извршуваат во зависност од потребите на личноста.

15:30
Судските служби во текот на денешниот ден прават нови обиди да го достават решението на Кривичниот совет, со кое се одбива жалбата против решението на судија за извршување санкции за одложување на двегодишната затворска казна за Никола Груевски, со што би се комплетирала доставата.

11:00
Поранешниот премиер Никола Груевски се уште се нема пријавено во затворот „Скопје“ во Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“, потврди за МИА директорот на затворот, Ѓоко Котевски.

8:00
Судот денеска ќе прави нов обид да му го достави решението на порнешниот премиер Никола Груевски за отслужување на затворската казна од две години за предметот „Тенк“ или ќе му го врачи на рака во судот каде тој доаѓа на рочиште за друг предмет.

10 Ноември
8:00
– Поранешниот премиер Никола Груевски до утрово не се појавил во затворот во Шутка, каде треба да почне со отслужување на затворската казна од две години за предметот „Тенк,“ откако вчера попладне Кривичниот совет ја одби неговата последба жалба. Доколку Судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението ќе се пристапи или кон негово спроведување или кон распишување потерница.

10:00
Судот в понеделник ќе прави нов обид да му го достави решението на поранешниот премиер Никола Груевски за отслужување на затворската казна од две години за предметот „Тенк“ или ќе му го врачи на рака во судот каде тој доаѓа на рочиште за друг предмет, соопшти Кривичниот суд.

9 ноември
7:30
– Пратениците во Собранието на Република Македонија на пленарна седница треба да одлучуваат за одземање на мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. За да се оствари тоа потребно е двотретински мнозинство. Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и „За заедничка Македонија“ се изјаснија дека нема да го поддржат предлогот на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

12:50
Собранието на Република Македонија не му го одзеде мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. „За“ предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот гласаа 58 пратеници, а 27 беа против. Одлуката на пратениците не го одложува извршувањето на казната. Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ вчера требаше да се јави на издржување на затворската казна. Но, тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот. Од судот информираат дека од денеска тече рокот од три дена во кои Кривчниот совет треба да донсе одлука по жалбите.

 

Слични содржини