Ова го изјави македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, цитиран од локалните медиуми. Нема полза ниту од објавување на црвените линии, затоа што тие само ја збунуваат јавноста и не враќаат повторно на почеток.Тоа не му помага на процесот за надминување на разликите околу името порачува македонскиот министер за надворешни работи Никола Диитров за повеќе медиуми.

Властите во Македонија повторно го повикуваат претставникот на ОН Метју Нимиц да “помогне што е можно поскоро” во преговорите, иако средбата веќе е закажана за во среда во Њујорк.

Колку за засилување на процесот во преговорите се вклучуваат и двајцата мнистри покрај специјалните преговарачи Василакис и Наумовски. Потсетуваме дека двете земји формираа работни групи за преговори за името.

И покрај наведената желба за решавање на конфликтот, се очекува преговорите да бидат тешки.

Димитров повторно потсети  дека Македонија не може да биде само грчки регион, и дека се очекувани   настапи на националистите на сите страни, но потребна е конструктивност за решение на овој децениски спор. Димитров изрази уверување дека двете страни ќе најдат формулација што ќе ја одделува независна македонска држава од истоимената провинција во северна Грција

Локално.мк потсетува дека она што е суштински и последица на целиот конфликт е дека поради спорот за името, Атина го блокира стремежот на Скопје за членство во НАТО и ЕУ  и ги блокира евроаинтегративните процеси на Македонија од осамостојувањето  па наваму. Временската рамка во ова најнова рунда преговори е до самитот на НАТО во Јули оваа година. Имињата кои се во оптек се Нова Македонија, Северна или Горна како географска одредница, а најнова замка е опсегот за употреба ,ерга омнес и за внатрешна употреба.  Тоа што  е мобилизација и будење на целиот процес е  намерата на американската администрација согласно новиот геополитички момент  со Русија на Балканот, Р Македонија да ја зачлени во НАТО и под привременото име БЈРМ,  до колку Атина и Скопје на најдат решение за надминување на разликите околу името Македонија.