Пожар во болница во Германија, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Едно лице загина во пожар во болница во Германија, а повредени се 22 лица, од кои шест се во животна опасност, соопшти денеска противпожарната служба.

Пожарот кој избувнал во четвртокот вечерта во болница во градот Илсен во Долна Саксонија е брзо изгаснат, а поголемиот дел од повредите се предизвикани од вдишување чад и изгореници, пренесува „Билд“.

Пожарот кој избувнал на третиот кат брзо се проширил на неколку соби за пациенти, а голем број луѓе се евакуирани од болницата.

Слични содржини