При проба на воена парада во Минск тенк Т-72 се заби во столб

од desk3

Тенк Т-72, ​​движејќи се во колона во учество за пробата на парадата за Денот на независноста на Белорусија на 3 јули, се заби во столб на централниот булевар во Минск.Инцидентот се случил вчера и бил забележан од многу луѓе и за среќа нема жртви. Неочекувано еден тенк Т-72 се качил на тротоарот и се забил во столб и дрво. Била оштетена предната лева страна. Оваа година на парадата во Минск ќе има 220 борбени возила.

Слични содржини