Приведен дилер, спроведен во затвор

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска (28.08.2023) околу 08.45 часот во гостиварски Равен, по потерница врз основа на судска наредба од Основен суд Гостивар, полициските службеници од СВР Тетово-ПС Гостивар го привеле Ш.Ј.(22) од Равен, кој бил баран за издржување на казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци, за сторено кривично дело „недозволено производство и трговија со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по члени 215 и 216 од КЗ.

Ш.Ј. е спроведен во КПУ Затвор „Идризово“ во Скопје, за издржување на затворската казна, соопшти МВР.

Слични содржини