Приведен криумчар на мигранти кај наплатната станица Демир Капија

од Vladimir Zorba

Четворица мигранти се пронајдени вчера при контрола на патничко возило  кај наплатната станица Демир Капија, а возачот е приведен.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на автопатот Неготино – Демир Капија, кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ  вчера во 13.10 часот го лишиле од слобода В.Б.(38) од Шуто Оризари – Скопје.

– При контрола во возилото „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Народна Република Кина, за кои при проверка било утврдено дека илегално влегле во државата. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Слични содржини