Продаваат коса за да преживеат: Инфлацијата го зема данокот, достигна 45 проценти

од Nikola Popovski

Иако целиот свет ја чувствува економската криза, пред се поради Ковид 19, некои земји поминуваат многу потешко во сегашната ситуација, а финансиските тешкотии не се нови и не „дојдоа“ со короната.

Имено, моментално расте бројот на жени кои ја продаваат својата коса во Иран, за да дојдат до пари и да преживеат во услови на растечки економски тешкотии.

На крајот на декември 2021 година, иранскиот весник „Khorasan Newspaper“ објави напис за жени кои се активни во трговијата со коса.

Сопствениците на козметички и фризерски салони се главните купувачи на коса која главно се користи за перики и екстензии.

Речиси сите клиенти ја продаваат косата поради финансиски тешкотии, изјави еден бербер.

Според написот во весникот, продавачите на коса се од сите сфери и возрасти, од 10-годишни до постари жени, но повеќето се млади девојки од сиромашни семејства. Тие обично ги користат парите за да платат сметки или да ги заменат своите расипани телефони.

Според претходниот извештај за продажба на коса во Иран, цената за природна коса се движи од 10 до 50 долари, во зависност од должината, видот и волуменот, пишува „iranintl.com“.

Оваа земја веќе три години бележи висока инфлација, која во последните месеци се искачи на 45 отсто и осиромаши многу семејства од средната класа, кои понекогаш повеќе не можат да си дозволат месо или млечни производи, објави Телеграф бизнис.

Слични содржини