Психолошка поддршка за лицата во самоизолација и граѓаните на Дебар и Центар Жупа

од Aleksandar Todeski

Клиниката за психијатрија започнува со телефонска психолошка поддршка на граѓаните, на родители на деца, за лица во самоизолација и лица од Дебар и Центар Жупа, посочи на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

„За денеска е закажана седница на владата во 19 часот, а ќе се дискутира за повеќе мерки и врз основа на она што ќе биде донесено на владата, ќе информирам по седницата“, истакна Филипче.

Денеска во 18 часот, во претседателската вила ќе се одржи и седница на Советот за национална безбедност. Претседателот Стево Пендаровски кажа дека на седницата ќе биде присутен и министерот Венко Филипче, а не се исклучува ниту да биде прогласена кризна состојба.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини