Путин откри што го сочинува ‘рбетот на Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече големите семејства ‘рбет на Русија.

„Големото семејство е ‘рбетот на државата. Да, семејствата воопшто, но уште повеќе семејствата со многу деца“, рече тој.

Како што наведе, во семејствата со многу деца, децата се воспитуваат во духот на основните човечки квалитети на кои почива и семејството и државата.

Меѓу таквите квалитети, претседателот ги спомена почитта кон постарите, љубовта и грижата за помладите, трудот и се што е поврзано со семејството.

„Тоа се традиционални вредности за кои постојано зборуваме и кои ги поддржуваме“, порача Путин.

Слични содржини