Репортери без граници и ЦИВИЛ го осудуваат масивното прислушување на новинарите

од Vladimir Zorba

Репортери без граници и Цивил – Центар за слобода најостро го осудуваат нелегалното прислушување на новинари во Република Македонија и бараат итни мерки за враќање на правдата и владеењето на правото. Според лидерот на опозицијата, Зоран Заев, македонската Влада нелегално прислушкувала околу 100 новинари со цел да ја зацврсти контролата над медиумите.

„Оваа операција на масовно прислушување на новинарите претставува масивен напад врз слобдата на медиумите и го доведува во прашање владеењето на правото во целост“, вели Кристијан Мир, Извршен директор на Репортери без граници Германија. „Ако аспирациите на Владата за кандидат за членство во ЕУ вредат нешто, одговорните за овој масивен напад врз основните права на македонските новинари и на сите граѓани мора да бидат индентификувани и изведени пред лицето на правдата без одложување.

За време на прес конференцијата минатата среда, 25 февруари, лидерот на опозицијата Зоран Заев презентира шест аудио снимки за да го покаже степенот на влијание на Владата врз медимумите. Според него, во прислушувањето биле вклучени и уредниците на провладините медиуми, критичките новинари, како и поранешниот уредникот на Фокус, Никола Младенов.

„Ваквите практики се против националниот Устав и законите и ги крши меѓународните стандарди и законодавството, на кои е обврзана Македонија. Освен повреда на човековите слободи и правата на новинарите, тие, исто така ги доведуваат во прашање основни принципи на слободата на медиумите, заштитата на новинарските извори и основните права на македонските граѓани во целост.

Овие обвиненијата на Заев се четврти по ред од почетокот на февруари во кои се открива масивен скандал во кој се наведува дека се прислушувани над 20,000 луѓе во оваа мала земја од околу два милиони жители. Според опозицискиот лидер, кого полицијата го обвини за обид за уривање на владата, операцијата е по наредба и под команда на премиерот Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков, шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Премиерот одговори со обвиненија дека Заев е употребен од странски разузнавачки служби кои стојат зад прислушувањето. Тој одби да го каже името на разузнавачката служба, но тврди дека одговорот на ова прашање им се познати на македонските служби. Сепак, Груевски не ја негираше автентичноста на снимките.

Изминативе години, медиумските слободи забележаа драматичен пад во Македонија која, според рангирањето на Репортери без граници, бележи пад оф 34-то место во 2009 година на 117 место во овогодишниот индекс.

Извештајот на Европска Унија за прогресот на Македонија како кандидат за членство, објавен во октомври минатата година, ја критикува медиумската ситуација во земјата, вклучувајќи ја злоупотребата на законот за клевета и фактот дека државните институции речиси воопшто не објавуваат реклами во независните медиуми.

Репортерите без граници и Цивил жестоко ја критикуваа пресудата против македонскиот новинар Томислав Кежаровски, кому апелацискиот суд му досуди две години казна затвор за наводно откривање на идентитет на заштитен сведок во текст објаен во 2008 година. Откако помина неколку месеци во затвор над една година во домашен притвор, Кежаровски беше поштеден од отслужување на остатокот на казната затвор.“ се вели во реакцијата на Репортери без граници и Цивил./ТВ Нова

Слични содржини