Во денеска објавениот годишен извештај на Репортери без граници се наведува дека во минатата година бил забележан драстичен пад на слободата на медиумите во светот, главно поради активностите на екстремистичките групи како Исламска држава и Боко Харам. Во извештајот се додава дека лани во 180 земји имало 3719 нарушувања на медиумските слободи, што е за осум проценти повеќе од претходната година. Најниско ниво на слобода на медиумите има во Иран, Кина, Сирија и Северна Кореа. На дното на табелата се најдоа и Русија и Турција.

0CA755B6-050D-4362-B7FC-8DFFE5A5E101_w308_h173

Во годишниот извештај на Репортери без граници, Македонија, по слободата на медиумите, се најде на 117 место од 180 земји во светот. Во минатата година Македонија беше на 123 место, што според најновиот индекс на слободата на медиумите, е за 6 места подобро.

 Во образложението се наведува дека ситуацијата со македонските медиуми во минатата година продолжила да биде лоша. Годината била обележана и со злоупотреба на законодавството за клевета, како и со политички мотивирана распределба на државните рекламирања.
Во новиот извештај се споменува затворската казна на новинарот Томислав Кежаровски, а се наведува и дека во јуни полицијата принудила неколкумина новинари да ги избришат фотографиите и видеата од протестот што го следеле.

 

Слични содржини