Родители на ученик им се заканувале на директорка и наставничка

од Nikola Popovski

Родители се заканувале на вработени во училиште во кое настава посетувало неговото дете, информираа од МВР.

Во текот на вчерашниот ден во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека Б.З. родител на ученик во училиште на подрачјето на Карпош, како и неговата сопруга, телефонски се заканувале на директорката на училиштето, наставничка и родител на ученичка, а потоа се обидел и да влезе во училиштето.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини