Руската амбасада во Бугарија ја прекинува работата на конзулатот во Софија

од Nikola Popovski

Руската амбасада во Бугарија соопшти дека ќе ја прекине работата на конзулатот во Софија и на Генералниот конзулат во Варна, додека генералниот конзулат во Русе ќе биде затворен во рок од еден месец.

Одлуката беше изнудена откако бугарската влада денеска објави дека протерува 70 руски дипломати од земјата. Кога на тоа ќе се додадат и членовите на нивните семејства, околу 200 руски државјани ќе треба да ја напуштат Бугарија до 3 јули, поради што во моментов работата на руската амбасада е блокирана, пренесува Тас С.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, на чија влада и беше изгласана недоверба пред седум дена, на крајот на април за време на посетата на Киев изјави дека сака да ја намали руската дипломатска мисија во Софија.

После тоа, МНР на Бугарија формираше комисија која се занимаваше со тој проблем, а денеска беше донесена одлука за протерување на 70 руски дипломати.

Слични содржини