СДСМ- ДУИ, коалиција и претседателски кандидат-молк!

од desk4

Нема ниту соопштение ниту официјални информации од синоќешната прва координација пред конгресот на СДСМ , околу новата сосотојба со разидувањата со ДУИ и изборот за претседтелски кандидат. Единствено што се знае со сигурност  е дека консултациите продолжуваат сите овие денови и дека пеглањето на инцидентите со ДУИ ќе оди во насока на смирување на топката. До овие избори. А како , дефинитивно ќе се знае денеска по средбата на двајцата лидери. Иако нивото на разговор е подигнат на лидерско ниво , проблемот не е решен  и веројатно многу брзо ќе излезе на површина, брифираат извори од партијата.

Има сериозни забелешки од страна на пратениците и други високи функционери на СДСМ кои се подготвени и за  прекинување на коалицијата со ДУИ,  кои како велат,   претераа со целиот аздис, станаа партија која само зема бара од државата, калкулира, профитира и ништо не дава за возврат. Таа дури нема никаков рејтинг кај своето членство , а настапува како да е најмоќна партија која владее со сите, велат незадоволните од реал политиката на ДУИ.  Сепак сите имаат големи очекувања дека нешто  може да се укаже и да се промени по денешната средба  на двајцата лидери Заев -Ахмети.

Во однос на  избор за претседателски кандидат партиски извори брифираат дека сите кандидати се во игра. Имало општи презентација од сондирање на мислење и на колициските партнери,  и на партиските организации, како и разгледување на анкетите кои катадневно се вршат, но  нема информација кој како се котира. Сигурно е само дека  сите се во игра и ништо не е решено.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев синоќа  пред координацискиот состанок на партијата изјави дека не се многу далеку од изборот на заеднички кандидат со политичките партии со кои разговараат за тоа, вклучувајќи го и коалицискиот партнер во Владата, ДУИ.

– Во текот на постапката за селектирање избор на заеднички кандидат вечерва ќе имаме и доста телефонски контакти и други видови на разговори со нашите секретари коишто се во комуникaција  со органите на политички партии со коишто разговараме за да видиме дали има евентуално исчекор  или можност да се дојде до заеднички кандидат. Информациите ми се позитивни, не сме многу далеку. Верувам дека имињата ќе бидат конечната причина за изнаоѓање на заеднички кандидат, рече Заев.

Тој нагласи дека   СДСМ прави прв координативен состанок за да ги согледаат извештаите од општинските организации и самокандидирањата што се пристигнати за да може да ја почнат постапката и процедурата за подготвување на конгресот што треба да се одржи во недела.

– Јас верувам дека за неколку дена би требало да бидеме подготвени знаејќи дека конгресот е во недела. Ќе останеме целосно внимателни заради тоа што сме посветени на заедничка анализа на изнаоѓање на заеднички кандидат со сите политички субјекти оти само така има шанса еден ваков процес да успее, додава Заев.

Тој потврди дека денеска  ќе се сретне со лидерот на ДУИ Али Ахмети и оти првпат ќе има информации за ставовите за најголемиот партнер во коалицијата.

-Верувам дека тие веќе разговарале и имаат свои гледишта.Сигурно ако разговарале во функција на заеднички кандидат, имаат имиња, имаат свои анализи. Ние споделивме наши анализи, а тие имаат свои анализи. Утре додека траат пратеничките прашања, ние ќе ја оствариме самата средба на која ќе имаме подетални информации за тоа да ли е возможно СДСМ и ДУИ, а секако и сите други политички субјекти со кои разговаравме, да дојдеме до едно заедничко име за кандидат за претседател  на РСМ, појасни Заев.

Тој рече дека случувањата во Собранието ќе бидат тема на вечерашната координација и од дебата што ќе произлезе ќе се знае дали за тоа разговараат и на средбата со Ахмети.

Запрашан дали ќе бара одговорност ако некој згрешил, рече дека од претседателот на Собранието не може да бара одговорност, затоа што тој е репрезент на највисоката државна институција која бира влада, но оти сепак сака одговори.

– Секако сакам одговори затоа што им должиме на граѓаните одговори за сите детали. Верувам и така зборувам во Парламентот, никој не е виновен додека не му се докаже вина. Никој и не треба да биде виновен, но треба да се даде фер шанса на правосудството да ги работи процесите, без разлика дали се работи за Зоран Заев, Трајко Вељаноски или за кој било друг во државата, рече Заев.

За тоа како ја коментира изјавата на потпретседателот на партијата Мухамед Зекири дека имаат 61 пратеник без ДУИ, Заев не се согласи со тоа, појаснувајќи дека заедно со коалицијата имаат 68 пратеници, а без ДУИ 58.Остави простор да се слушнат аргументите на сите пратеници, вклучувајќи го и Зекири, но и од ДУИ, за да можат на крајот да донесат заклучок.

Кординативните состаноци на СДСМ продлжуваат се до конгресот закажан за в недела, каде се очекуваат значителни  промени и на партиски функционери и новини во водењето и партиската организација и политика во СДСМ.Се најавуваат и сериозни провтерувања во Владата као и на директорки позиции и третите ешалони кои не покажале никакви резултати.

Слични содржини