СДСМ ги зголемува пензиите, Силјановска ги споредува со Мапет шоу, велат од „Бихаќка“

од Nikola Popovski

СДСМ обвини дека кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова ги навредува пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу. Според партијата на власт, „пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани и Силјановска треба да им се извини“.

-СДСМ во изминатиот период континуирано ги покачуваше, заедно со пензионерите изгради методологија со која пензиите ќе продолжат да растат, без чија било политичка волја.

Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра, соопштуваат од партијата на Димитар Ковачевски, посочувајќи дека минималната пензија денес е за речиси 50% повисока од 2016 година.

Оттаму велат дека „на граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, нов партиски послушник и не им треба реприза на екс-претседателот Ѓорѓе Иванов“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе го вратат достоинството на пензионерите и дека пензиите ќе се зголемат линеарно за 5.000 денари во рок од една година.

-Реалноста е дека со оваа власт на повеќето пензионери парите од пензиите не им се доволни ни за храна и сметки кои значително поскапеа, а камо ли за лекови кои им се неопходни, реагираат меѓу другото од партијата на Христијан Мицкоски.

Слични содржини