Партиите и политичарите не се вечни, вечни се работниците кои го полнат буџетот…

солид

Не треба многу знаења и философии за човек да сфати дека медиумската сфера е уништена. Доволно е само базично да се знае што означува терминот пропагнада и веќе се е јасно. И сега малку психологија- ставовите се градат врз основа на мотивите. Кај некој мотив за работа е борбата за преживување, а кај некој се тендерите и милионите. И така е лесно да се разбере зошто нашите политичари се борат за власт, а сопствениците на медиумите се борат за владини реклами, а “бога ми” и за солидни мултимилионски тендери како дел од спогобите за предизборна медиумска поддршка.

Каде се тука новинарите? Е па ги гледаме и читаме секој ден, како шират дефетизам, за да ја дефокусираат општествената  дебата за битните политички проблеми во кои се замешани нивните, шефови, директори и сопственици… шуруваат за пари како да се браќа… И сега видете ја позицијата на новинарот – тресе зелени  во медиумот, секогаш од користза друг,  иако со искажаните тези (ако го кажел истото пред професорот додека бил студент, немало ни испит да положи)… а  му останува само јавната бламажа кај оние што навистина разбираат што е мотив, а што став…

Од каде доаѓа тоа!?

Да поедноставиме… има два мотива: лична желба поради сопствени убедувања и послушност поради преживување… Како за пример на првите, има партиски фанатици кои лупаат  и клеветат само за да добијат ситна привлегија од власта и тоа се гледа како бел ден, а има и такви кои поради партиска заслуга добиле награда да бираат што сакаат да работата  ( комитет или квалитет), и не се ни свесни каква штета предизвикуваат во јавноста и кај јавниот интерес .А нели сопственото убедување е гарантирано со Уставот!  Еве јас или ние обичните луѓе (суштества создадени од Бог или природата) ќе им простиме и повторно ќе ги примиме во нормалниот живот и таквите, зашто едноставно секој има право да згреши во животот, а наше е да простиме и да не бидеме злопамтила…

За оние вторите… се знае тие се мнозинство… мора да се (пре)живее некако , па макар да се потпише и “пакт со ѓаволот”. Работат за ситно, колку да имаат здравствено осигурување за децата, во септември се “туфкаат” кај да најдат пари за да ги облечат истите деца , новата  година секако ја чекаат дома пред телевизор… Едноставно не сакаат (дел од нив) да се вратат во провинциските места од каде што дошле..

А ќе кажам мнозинството од новинарите не се глупави луѓе… знаат како стојат работите, посебно кога ќе ги сретнат сопствените газди низ градот и  гледаат што прават.. Знаат со нив како се однесуваат портпаролите, кога ќе им наредат да сработат нешто… Свесни се дека власта е власт и кој добива , и кој е газда и што денеска е уредник..Знаат се  ЗА СИТЕ , освен за себеси како да се заштитат. Прават разлика меѓу блакнко отказ и договор за работа а сепак го потпишуваат првото.Земаат пари на рака а немаат платено придонеси, и тоа го знаат . Го знаат тоа  и газдите и властите.

Кој добива а кој губи, па да го читаме постојано во извештаите на странците и оние од Брисел: … нема професионално новинарство, убиено критичко и истражувачко новинарство, отпуштања, најдолу со медиумските слободи, најгоре со говорот на омраза…

Понатаму се знае… мотив на газдите е да даваат што помалку пари на новинарите,  власта да владее,а  на новинарите да преживуваат и  да се срамат о таквото новинрство.

А Синдикат ?

Па до кога така… се додека не се  решат да подразмислат за себе, за своите права за обврските на газдите, за вреднувањето на трудот. Точно тоа е се вика и синдикална (не) култура.

..  Токму така СИНДИКАТ , вистински новинарски, наш,медиумски . Тојј ќе биде за нас ако не ние самите. Како да бидеш креативен , слободен во израз, ако не ти се заканува потпишаниот отказ? како без пари, како без договор на неопределно време туку на некој месец, и како критички кога работа има само за тие кои се фалбаџиски!?   А зедно , а сложни , а сите за ?

Можеби вака, дефиниран колективен договор( читај правила на игра и работнички права), редовна висока плата според сработеното, задоволен работник, максимум влог во медиумксиот производ, голема гледаност, голем маркетинг големи пари и за газдата и за работниците. Не е утпоуја тоа е концепт, другот  мали плати и отпуштања е бесмисленост  и  нужност како последица на незнаење економија и бизнис.

Тоа е насоката нема  тука многу философија… А сега малку и историја… Пропадна Кралството Југославија, а синдикатите останаа… Дојдоа и заминаа Бугарите, синдикатите останаа… Беше и се распадна СФРЈ синдикатите пак останаа… Се сменија Владите на Црвенковски, Георгиевски, Костов, Бучковски, Георгиевски… и синдикатите пак останаа… Значи тие секогаш се тука, уште од најсуровиот камитализам до денешниот „демократски“ капитализам

Значи тука сме на своето.Единственото прашање е каде се  сите работници, или каде се  тие  медиумските  работници ?.. да во првиот ред се гледаат  само новинарот, ама тука се и снимателите, и фоторепортерите, и тонци и принтаџии и миксерџии и светлаџии и компјутерџии и….

.Мора да се дефинираат правила на игра, за почеток треба да бидеме рамноправни во пристапот. Тие се парајли и моќни , ние можеме да бидеме гласни.Тие се газди, ние можеме да бидеме сложни. Тие се капиталисти , ние сме синдикалисти , таа борба никогаш не завршува , Докажала историјата ние сме посилни и  има само еден одговор… помагам , за да ми помогнат!

Новинарскиот синдикат го зема барјакот, ние мора да сме тука со нив, пред нив, затоа што истоијата запишала …  партиите и политичарите не се вечни, вечни единствено се државата и работниците кои го полнат буџетот… ама првата дефиниција за држава е “организација за принуда”… Не сакате во иднина да бидете принудувани, нели ?

Филип Ѓурчиновски

Слични содржини