Сообраќајка кај Струмица, три лица во болница

од Nikola Popovski

МВР информира дека синоќа во 21.58 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локалниот пат Струмица – село Просениково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од село Доброшинци и патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.Т.(39) од село Градско Балдовци, Струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и Т.Н.(47) од село Пиперево, Струмичко, сопатникот во патничкото возило „ауди“, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Медицински центар Струмица.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Слични содржини