Спасовски: Обезбедни се докази за Онкологија, виновниците со име и презиме ќе сносат одговорност

од Vladimir Zorba

„Има докази, доказте се во јавното обвинителство. Дел од нив се уште се вештачат, одземени се огромен број на материјали, електронски уреди. Очекувам дека сите факти и аргументи ќе бидат потврдени, обезбедни и врз основа на тоа ќе се конкретизира вината. Секогаш виновникот има име и презиме и треба да биде изнесен пред лицето на правдата“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека не треба истрагата да се орочува со датуми, туку таа треба да биде квалитетна со обезбедени докази.

„Треба да се види кој точно треба да носи одговорност. Не треба да се поистоветуваат институциите, сите лекари и медицинскиот персонал внатре“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека не треба предвремено да се истрчува со резултати од истрагата само заради задоволување на јавноста и да се повлечат потези кои нема да бидат релевантни, туку треба целиот случај да биде издржан.

Слични содржини