Апел да се донираат повеќе неопходни работи на студентите, кои по денешното прогласување Автономна зона во зградата на Филозофскиот и Филолошкиот факултет почнаа да кампираа, упати попладнево Студентски пленум

10962020_10155170586450368_973052044_n-540x360

„Студентите остануваат на Филозофски/Филолошки факултет се додека не се исполнети нашите барања. Така, доколку сакате да донирате продукти ова е листата на потребни работи:

1. Вреќи за спиење
2. Плинско и плински боци
3. Леб и лиснати продукти
4. Продукти за правење сендвичи
5. Чаеви
6. Овошје
7. Ќеси за ѓубре
8.Пластичен прибор за храна

Студентите ќе бидат на факултетот секојдневно, така да може да поминете во текот на целиот ден. Набрзо ќе следи и алтернативниот студентски курикулум, каде ќе може да се информирате какви активности ќе има овие денови“, порача Студентски пленум на својот профил на Фејсбук.

10965465_10155170586060368_1864545529_n-540x360

 

Слични содржини