Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето би го зголемило БДП на С.Македонија

од Vladimir Zorba

Светската банка денеска објави дека политиките насочени кон зајакнување на социјалното вклучување на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите и интерсексуалните (ЛГБТИ) луѓе би можеле да помогнат во градењето поправедни и поеднакви општества и да имаат корист за економиите на Северна Македонија и Србија.

Годишниот бруто домашен производ (БДП) на двете земји би се зголемил во просек за 0,6 отсто, или вкупно 360 милиони американски долари, според студијата на Светска банка, „доколку бариерите за влез на пазарот на трудот за ЛГБТИ луѓето кои се соочуваат со дискриминација поради нечија сексуална ориентација, родов идентитет и изразување и родови карактеристики“.

Како што се наведува во соопштението, поверојатно е дека ЛГБТИ лицата во Србија ќе бидат во понеповолна економска положба од општата популација.

Еден од седум ЛГБТИ лица во Северна Македонија сè уште се соочува со дискриминација на работното место во однос на вработување, отпуштање и професионално напредување.

„Пристапот до основните услуги и пазари и можноста за достоинствен живот се темелите на успешниот и одржлив развој“, рече директорот на Светска банка за Западен Балкан – Шаокинг Ју.

Тој оцени дека истражувањето покажува дека „вклучувањето на ЛГБТИ луѓето не само што е вистинската работа, туку и основа за стабилна економија“.

Северна Македонија и Србија спроведоа важни реформи кои ги штитат правата на ЛГБТИ луѓето, соопшти Светска банка, додавајќи дека е неопходно да се спроведат клучните реформи договорени како дел од процесот на пристапување во Европската унија.

Слични содржини