СЗО: Советувајте ги патниците на долгите летови да носат маски

од Stefanija Kuzmanovska

Земјите треба да размислат да им препорачаат на патниците да носат маски на летовите на долги релации поради појавата на нов подвид на омикрон кој брзо се шири во САД, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Во Европа, новиот подвид на корона, кракен, е откриен во мал број земји, соопштија претставници на СЗО за Европа, објави „Ројтерс“.

Тие рекоа дека патниците треба да се советуваат да носат маски на подолги летови, рече високиот претставник на СЗО за итни случаи во Европа, Кетрин Смолвуд.

Слични содржини