Талески: Со ваков напад, нема да имаме шанси во клучните натпревари

од desk2

Бекот на репрезентацијата на Македонија, Филип Талески по победата над Бахреин изјави дека дуелот е добиен во одбраната, но во нападот имале доста грешки. Талески изрази мислење дека со ваков напад нема далеку да се стигне во следните три натпревари во групата.

– Се виде во двата натпревари дека Бахреин и Јапонија се доста квалитетни и имаат шанса да изненадат некој од фаворитите. Одигравме максимално во одбраната каде што го добивме натпреварот, но во нападот имавме доста грешки и избрзани шутеви. Мислам дека ако продолжиме со таква игра во нападот, нема да имаме големи шанси во клучните натпревари кои не очекуваат, изјави Талески по мечот, во кој постигна 3 гола.

За претстојниот дуел со Хрватска утре од 18 часот, бекот на Рајн Некар изјави дека тимот треба да биде целосно фокусиран и дека ќе излезат максимално подготвени, иако останува нешто повеќе од еден ден за одмор.

– Научени сме да играме на ваков турнирски систем. Треба максимално да сме фокусирани за утрешниот натпревар. Ќе се подготвиме максимално и ќе го искористиме целото време кое останува за да се одмориме и да излеземе подготвени против Хрватска, додаде Талески.

Слични содржини