Тешко повреден моторциклист, удрил во паркирана приколка од трактор

од Берта Китинска

На 13.7.2021 во 21.35 часот на локалниот пат с.Кореница-с.Годивје, кај место викано „Рештарица“, прилепско се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „мондиал“, без регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од с.Кривогаштани удрил во паркиран трактор „ИМТ-533“ со приколка, сопственост на 20 годишно лице од с.Годивје.

Во незгодата мотоциклистот се здобил тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид изврши увидната екипа на Полициска станица Прилеп во присуство на Јавен обвинител, соопшти СВР Битола.

Слични содржини