Трамп и претседателот на Полска разговараа за војната во Украина

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп разговараше во Њујорк со полскиот претседател Анджеј Дуда за војната во Украина и за напорите на Дуда да ги зголеми трошоците за одбрана од земјите-членки на НАТО, како и за конфликтите на Блискиот Исток, соопшти изборниот штаб на Трамп.

Состанокот во средата во „Trump Tower“ беше последен во серијата состаноци што Трамп ги одржа со странски лидери додека Европа се подготвува за можноста за второ претседателство на Трамп, објави АП.

Дуда по разговорот со Трамп, кој траеше околу два и пол часа, рече дека станува збор за пријателска средба.

Слични содржини