Турција апси изведувачи поврзани со зградите кои се урнаа во земјотресот

од Stefanija Kuzmanovska

Турските власти уапсија и приведоа за време на викендот и денеска голем број изведувачи поврзани со зградите што се урнаа во земјотресот.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг при денешната посета на Дијарбакир изјави дека јавното обвинителство покренало судска истрага на сите места погодени од земјотресот, пренесе „Ројтерс“.

Тој додаде дека во однос на законот се оценуваат сите докази и се идентификуваат имињата на одговорните за наведените згради.

Слични содржини