Унгарија може да ја “запечати” границата со Хрватска, како што направи пред некое време со Србија, но во моментов се очекува одлуката на Австрија и Германија дали овие две земји ќе прифатат уште бегалци. Тоа го изјави Јануш Лазар, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

4433196

“Точно е постои коридор, кој не се усвои од австриските раководители, кога бевме во Виена. Тој би можел да функционира само откако Унгарија ќе ја запечати границата со Хрватска. Во овој случај границата ќе може да се минува само во официјалните гранични премини “, рече Лазар. “Чекаме да видиме што е желбата на Австрија и Германија”, прецизира тој во одговор на прашањето кога Унгарија ќе ја затвори целосно границата со Хрватска.

Во меѓувреме Франс прес објави дека властите во Будимпешта почнаа да поставуваат бодликава жица долж веќе бодликавата  жица кон  Хрватска. Крај граничниот премин “Беременда” има два големи метални рамки, кои можат да бидат поставени на самата граница. До нив унгарските власти градат транзитна зона со 25 Фургони. Од другата страна се става и друга паралелна ограда, која треба да спречи бегалската бран, пријави  уште Франс прес.

Синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди во ОН дека постои ризик од дестабилизација на Европа како резултат од миграциската  криза. “Европа не може да го издржи тоа бреме сама, ако трендот не се промени, Европа ќе биде дестабилизирана”, истакна тој на седница во ОН за ова прашање. Орбан, кој е поддржувач на цврстата антимигрантска линија, побара да бидат воспоставени “светски квоти” за прифаќање на мигранти од секоја земја, под услов во Европа  да нема консензус за ова прашање. “Тоа не е бегалска криза, тоа е масовно неконтролирано и бескрајно миграциско  движење”, смета тој. Според него станува збор за бран од економски мигранти, бегалци, лица кои бараат азил и странски борци. Орбан побара од генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун да бидат започнати преговори, па да се распредели на светско ниво сериозноста од овој  масовен  миграциски  бран.

Слични содржини