Вархеји: Европската унија е иднината на Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska

На Европската унија ѝ е потребно Западен Балкан да биде подобро поврзан, изјави комесарот за проширување Оливер Вархеи.

На Европската унија ѝ е потребно Западен Балкан да биде подобро поврзан, или по пат или железница, која ги поврзува главните градови меѓусебно или ги поврзува со ЕУ, или ултра-брз широкопојасен интернет, рече Вархеи, нагласувајќи дека ЕК усвои сеопфатен план за економија и инвестиции за Западен Балкан.

Европската унија е иднината на Западен Балкан, нагласи Вархеи во авторски текст: „Напредок и поврзување на Западен Балкан на патот кон ЕУ“ за „Н1“ во Загреб, во кој детално го објасни економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан.

Врската е многу важна за животот на луѓето, компаниите и економијата во регионот, особено сега кога го охрабруваме закрепнувањето од пандемијата на болеста КОВИД-19, нагласи Вархеи.

Белград, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје, Тирана се во срцето на Европа, но патувањето и трговијата меѓу и од нив во другите европски градови траат двојно повеќе отколку меѓу многу подалечните градови, посочува Вархеи.

Како што рече, тоа се главните причини зошто ЕК претстави сеопфатен економски и инвестициски план за Западен Балкан минатата недела.

Вархеи посочува дека разликата во економскиот развој помеѓу регионот на Западен Балкан и ЕУ мора да исчезне што е можно побрзо.

Планот, објаснува тој, предвидува мобилизација до девет милијарди евра за големи инвестиции во полето на сообраќајот, енергијата и зелената и дигитална транзиција со цел да се постигне одржлив раст и да се отворат нови работни места.

Покрај тоа, има за цел да го зголеми инвестицискиот капацитет на регионот благодарение на новиот гарантен инструмент за Западен Балкан, со цел да се соберат инвестиции до 20 милијарди евра, рече тој.

Подобра поврзаност, додава тој, ќе даде силен и директен поттик за трговијата и инвестициите и на тој начин ќе помогне да се создадат стабилни пазарни економии.

 

Слични содржини