Жена беше снимена како ја симнува бурката откако нејзиниот роден град беше ослободен од „Исламска држава“.
Ова се случува во услови кога војниците прават напори борејќи се со исламистите, да ја воспостават контролата врз Ракка, сметан за главен град на терористите во Сирија, пишува „Дејли мејл“.
Видеото беше дистрибуирано од тимот за заштита на луѓето. На него се гледа како непозната жена ги гушка војниците и ја бакнува земјата. ИД го држеше градот под контрола од 2014 година.
Таму исламистите строго го наметнаа шеријат. Мустафа Бали од курдските Сириски демократски сили изјави дека денес беснеат улични битки и се водат во близина на главната болница во Ракка.
СДС ја почнаа операција за заземањето на последниот „џеб“ на исламисти во Ракка, откако околу 275 терористи и нивните семејства се предадоа. Активистите изјавија дека оние кои се предале, се однесени во затвор на УДФ во блискиот град Табка, каде што ќе бидат сослушани и судени.