(ВИДЕО) Трајанов: ВМРО-ДПМНЕ користеше нелегални механизми да влијае врз граѓаните, сега немаа таква можност затоа и изгубија

од desk4

После 2008 година ВМРО-ДПМНЕ ги користеше сите механизми за да влијае на определбата на граѓаните. Дел се легални, но и дел се активности кои апсолутно не се прифатливи за една демократска држава,  вели лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, за а1он.

-Силната медиумска манипулација што ја има преку провладините медиуми, клиентилизмот со субвенции, вработувања, притисокот врз администрацијата и се разбира кршењето на изборните закони со креирани гласачи, лажни лични карти, гласачи од Пустец, сето тоа овозможуваше еден контингент на гласови кои сега ВМРО-ДПМНЕ ги нема, вели Трајанов.

Според него, исто така, една од најважните причини за определбата на граѓаните на изборите е тоа што со формирање на новата Влада започнаа реформски процеси во државата и започна онфанзивна дипломатска активност за разрешување на споровите со Грција и Бугарија и цврстата определба за влез во НАТО и ЕУ.

-Промените се водечката сила што ги мотивираше граѓаните да ја поддржат провладината политика и со тоа ВМРО-ДПМНЕ прв пат објективно да ги изгуби изборите, вели Трајанов додавајќи дека со губење на централната власт, ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби можноста за притисок на државната администрација која и покрај тоа што е вработена од страна на оваа партија, за прв пат се почувствуваа слободни да не дадат поддршка на изборите за ДПМНЕ.

-Граѓаните слободно се определуваа за кого ќе гласаат, тоа беше клучно. Дали сакаат да излезат на гласање и слободно да гласаат за онаа политичка коалиција за која сметаат дека државата ќе ја движи во подобра насока, рече Трајанов.

Целиот текст и видеото можете да го видете тука

Слични содржини