ВМРО-ДПМНЕ: Каевски треба да одговара

од desk2

Дарко Каевски треба да одговара и да си даде оставка од функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт, поднесувајќи одговорност за скандалот на очиглед на целата македонска јавност, сметаат од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.


„Одговорност мора да има за скандалозните стихотворби кои излегоа во јавност и изобилуваат со шовинизам, говор на омраза и тоа треба да го направи веднаш. Дарко Каевски кој самиот се фати во лага, каде што рече дека се објавени 44 творби во збирката и дека претседателот на комисијата за издавање не знаел дека треба да се селектираат творбите, а на поетското читање агенцијата објави дека 48 автори испратиле творби, вчера вели и дека не знаел дека е ставен за уредник на збирката“, се вели во соопштението.

Затоа прашаа, колку државни пари за објавување на оваа книга се исплатени, дали Дарко Каевски ќе ги врати парите.

Слични содржини