101
Двајца посетители на локалот за брза храна Мекдоналдс во американската држава Кентаки се пожалија дека нашле црви во своите сендвичи, пренесува агенцијата АП.
Државјанка на Мејфилд Медисон Стивенс раскажува како минатата недела седнала да јаде во локална установа од синџирот заедно со својот едногодишен син. Според неа токму пред да гризне од својот хамбургер, од него паднал црв.
Жената тврди дека ха информирала компанијата за инцидентот, а од Мекдоналдс ѝиспратиле ваучер за 10 долари.
Друга жителка на државата Лејси Џо Лавет од Драфанвил исто нашла црв во сендвичот во вторникот.
Портпаролот на Мекдоналдс Мајкл Лав изјави дека компанијата ги истражува инцидентите и ги “презела сите неопходни мерки за решавање на прашањето” .