Во Грција уапсени пет лица за подметнување пожар

од Stefanija Kuzmanovska

Пет лица се уапсени во Грција за подметнување пожари во Виотија, Илија, Јанина, Пела и Митилини, а министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас најави построги казни за одговорните за подметнување пожар, но и за оние кои покажуваат „небрежност“ кон животната средина.

Кикилијас најави дека казните ќе бидат слични на оние кои се применуваат за лица обвинети за малтретирање на животни, пренесува грчкиот портал ЕРТ.

„Обвинетиот им се извини на истражителите“

57-годишниот маж, кој беше уапсен и обвинет за подметнување пожар во Каленка во планинската област Цумерка во западна Грција, денеска ќе биде изведен пред истражните органи. Локалните медиуми објавија дека тој наводно бил вмешан во два други слични случаја.

Друг обвинет, 65-годишен маж кој беше уапсен во областа Илија на Пелопонез и обвинет за обид за подметнување пожар, им се извини на истражителите.

Според членовите на противпожарната служба, овој човек е уапсен во Пиргос при рутинска контрола и е осомничен дека се обидел да запали пожар во тревата на локалниот пат Ксирокамбу – Пефкеш.

„Млад човек запали корпа за отпадоци“

Уште еден 20-годишен маж е уапсен и осомничен за подметнување пожар во областа Плака Делесио во општина Танагра Бојотија во западна Грција, која се смета за една од најопасните области за пожар.

Пожарникарите виделе како овој 20-годишник запалил корпа за отпадоци, а потоа го имобилизирале и го однеле во истражното одделение.

Слични содржини