Во карантин мачката која Путин ја подари на јапонски гувернер

од Aleksandar Petrovski

Мир (Свет), сибирска мачка која рускиот претседател Владимир Путин ја подари на гувернерот на префектурата Акита, Норихисо Сатаке во февруари 2012 година, е ставена во карантин заради сомнеж за коронавирус, соопшти гувернерот.

Мир живее во куќата на гувернерот заедно со уште шест други мачки.

„Бевме многу вознемирени од веста дека коронавирусот е регистриран кај американски мачки“, рече гувернерот, додавајќи дека ги ставиле своите миленици во изолација додека не помине опасноста од инфекција.

„Ние сакаме Мир да нема контакт со никој надвор од нашето семејство и се надеваме дека опасноста што им се заканува на луѓето и на животните наскоро ќе помине“, рече гувернерот.

Тој рече дека мачката е дел од семејството веќе осум години.

„Има мирен темперамент, одличен апетит, тој е силен и среќен“, рече гувернерот, додавајќи дека ова милениче има посебно место во неговиот живот.

„Секогаш кога ќе го погледнам, се чувствувам смирено“, истакна Норихисо Сатаке.

Во летото 2012 година, гувернерот му подари куче на Путин како знак на благодарност на Русија за помошта во Јапонија по катастрофалните земјотреси и цунами минатиот во март претходната година.

За возврат, Путин на гувернерот му подарил сибирска мачка.

Слични содржини