Возило заврши во Охридското езеро

од Nikola Popovski

Необична слика утрово ги дочекала жителите на охридскиот и струшкиот регион. Како што јавува Охридската полиција, возило излетало во водите на Охридското Езеро на влезот во Струга. За среќа, нема повредени.

Случајот го потврдил портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој информира дека случајот бил пријавен во 5 часот и 30 минути во ОВР Струга.

-Патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро. Повредени лица нема, изјавил Димоски.

По извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Слични содржини